Битола слави, трета титула за Еурофарм Пелистер
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со освојувањето на шампионската
титула повторно ја потврди Битола како горд и препознатлив спортски
град. Третата титула по ред пристигнува вечерва, по големата победа над
ривалот Вардар на гостински терен.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитки до
шампионите и ги повика сите битолчани, посебно верните навивачи
Чкембари, на голема прослава. Настанот ќе се одржи утревечер, на 8 јуни
2025 година, од 20:00 часот, на Платото пред Офицерскиот дом.
Градоначалникот Коњановски најави дека на следната седница на Советот на
Општина Битола ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како
признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално
и меѓународно ниво.
Општина Битола упатува искрени честитки до РК Еурофарм Пелистер и
изразува длабока благодарност до нашата ракометна гордост!