Елмас: Не можам да бидам среќен, но со бодот сум задоволен
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас беше умерено среќен по ремито, но истакна дека жали што Македонија не освои три бода.
„Во првото полувреме имавме две стативи и ни недостигаше среќа. Сепак, можеме да бидеме задоволни, бидејќи покажавме добра игра против моќна репрезентација. Не можам да бидам среќен, но задоволен сум со бодот.
Гледаме на секој меч да дадеме максимум и на следниот одиме по три бода. Сакаме да оставиме сè што можеме од нас на теренот. На сите ни е сон пласман на Светско првенство, тоа е поттик за сите и работиме на таа цел. Се надевам дека ќе освоиме три бодови против Казахстан в понеделник“, рече Елмас.
Утре попладне Македонија патува за Казахстан, в недела ќе тренира пред четвртиот дуел во мундијалските квалификации.