Киев: Размената на воените заробеници со Русија ќе се случи наскоро

Украина соопшти дека очекува наскоро со Русија да се реализира најавената размена на воени заробеници и пренос на телата на околу 6.000 загинати украински војници, отфрлајќи ги обвинувањата од Москва дека ја одложила операцијата.

Координацискиот тим во Киев изјави дека Русија еднострано предложила датум за размената, без претходен договор со украинската страна. Украина веќе ѝ предала на Русија список со имиња на воени заробеници – млади под 25 години, ранети и сериозно болни – и очекува конкретен договор.

Претходно, рускиот преговарач Владимир Медински тврдеше дека украинската делегација не се појавила на договореното место за размената и дека телата на 1.212 украински војници веќе биле пренесени до границата.

Украинската страна ја обвини Русија за неконструктивност и несоодветни листи кои не одговараат на договорените категории на затвореници.

Слични