На 14 и 15 јуни ќе се одржи настанот „ОД НИВА ДО ТРПЕЗА – СÈ ОД НАШАТА ОПШТИНА”
На 14 и 15 јуни 2025 година, во 11:00 часот во Парк Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во организација на здружението „Наша традиција, наша иднина“ ќе се одржи настанот „ОД НИВА ДО ТРПЕЗА – СÈ ОД НАШАТА ОПШТИНА”, информираат од МЗШВ.
Овој настан ги претставува дел од континуираните активности на Министерството за поддршка и промоција на квалитетните земјоделски производи.
Настанот има за цел директно поврзување на земјоделските производители со граѓаните, промоција на квалитетната храна произведена на македонска почва, како и поддршка на развојот на руралните средини и руралниот туризам.
Граѓаните ќе имаат можност да дегустираат квалитетни домашни производи од сите региони на државата, да уживаат во богата музичка програма и да се запознаат со занаетчиски производи.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите граѓани да бидат дел од овој значаен настан кој ја промовира традиционалната македонска храна, карактеристична за секоја општина, како и убавините на нашиот рурален туризам.
Заедно да градиме подобра иднина за нашето земјоделство!