Украина тврди дека собориле руски Су-35
Украинските ВВС утрово соборија руски воен авион Су-35, соопшти украинската армија.
„Утрово, 7 јуни 2025 година, како резултат на успешна операција на воздухопловните сили во Курската област, беше соборен руски ловец Су-35“, објави армијата на Телеграм.
Не беа дадени дополнителни детали, а руската војска не даде коментар.
Засега нема потврдат од независни извори, наведуваат западни медиуми.