Кузмановски: Ова ми е најдрага титула, ќе славиме три дена во Битола

Капитенот на битолски Е.Пелистер Филип Кузмановски ја освои титула за својот матичен клуб во Скопје.

„Верував во екипата, од почетокот до крајот и се надминавме. Ова е најдрагата титула за мене, за мојот матичен клуб, за мојот град и за нашите навивачи. Поминавме многу заедно и заслуживме да дојдеме каде што сме.

Вечерва Македонија е „зелено-бела“. Ќе славиме титула три дена“, рече Филип Кузмановски.

Новата сезона ќе почне во септември и пак со дуел на „вечните“. Е. Пелистер и Вардар 1961 ќе се борат за титулата во Суперкупот на Македонија.

Слични