КУРИР дојде до документ: Со колку потписи ќе може да се биде кандидат за градоначалник или член на Совет?
Предлог за измени на Изборниот законик денес пристуигна пред пратениците. Дел се однесува за група избирачи како подносители на листи.
Имаше низа дебати во јавноста, па КУРИР дојде до документ од предлог-законот. Со колку потписи же може да се биде подносител на листа на кандидати за членови на совет и градоначалник?
-Во општина до 10.000 избирачи, најмалку 100 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 10.001 до 20.000 избирачи, најмалку 200 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 20.001 до 30.000 избирачи, најмалку 300 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 30.001 до 40.000 избирачи, најмалку 400 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 40.001 до 50.000 избирачи, најмалку 500 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 50.001 до 60.000 избирачи, најмалку 600 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 60.001 до 70.000 избирачи, најмалку 700 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 70.001 до 80.000 избирачи, најмалку 800 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина од 80.001 до 90.000 избирачи, најмалку 900 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во општина над 90.001 избирачи, најмалку 1000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список на општината.
-Во Град Скопје најмалку 3.500 од запишаните избирачи.