Најмалку 57 лица загинаа во монсунските дождови во Пакистан

Од средината на јуни, 57 луѓе ги загубија животите, најмалку 154 лица се повредени, а 132 куќи се целосно уништени како последица на поплави, свлечишта и уривање на кровови предизвикани од монсунските дождови низ Пакистан.

Долготрајните дождови предизвикаа поплави, свлечишта и големи разорувања во провинциите Хајбер-Пахтунхва, Пенџаб и Синд.

Според соопштението на Националната агенција за управување со катастрофи (НДМА), најмалку 25 луѓе загинале во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, 19 во Пенџаб, по четворица во Синд, Гилгит-Балтистан и Азад Кашмир, и едно лице во главниот град Исламабад. Повеќето смртни случаи се случиле како последица на уривање на кровови и ѕидови.

Во градот Хајдерабад во провинцијата Синд, дошло до поплави поради постојаните врнежи, додека прекините на струја го парализираа секојдневниот живот. Покраинската администрација соопшти дека работат со полн капацитет на отстранување на водата, но дека сè уште постојат проблеми да се исчистат улиците.

Поројните поплави предизвикани од обилните дождови нанесоа штета на куќи, земјоделски површини и патишта.

Официјални претставници на Пакистанскиот метеоролошки оддел (PDMA) известија дека Центарот за вонредни операции активно работи и оти покраинските администрации и спасувачките тимови се во координација.

Слични