По 1 месец: Позната причината за смртта на таткото на Ријана
Откриена официјалната причина за смртта на таткото на пејачката Ријана, откако беше објавена неговата смртна потврда.
Роналд Фенти почина на 30 мај на 70-годишна возраст, а според TMZ, причината за смртта е комбинација од акутна респираторна инсуфициенција, рак на панкреас и аспирациона пневмонија.
Дополнителни фактори кои придонесуваат за смртта вклучуваат акутна бубрежна инсуфициенција и акутна тубуларна некроза, што укажува на тешко оштетување на бубрезите.
Веста за причината за смртта доаѓа откако DailyMail.com објави дека пејачката на Umbrella, која моментално го очекува своето трето дете, се бори да се справи со ненадејната и тешка загуба на својот татко.
Иако имале комплициран однос, со периоди на помирување и отуѓување, извор близок до пејачката откри за DailyMail.com дека смртта на нејзиниот татко оставила длабока трага.
-Робин имала многу тежок однос со својот татко со години, но неговата смрт ја погодила како гром од ведро небо, рече изворот.