Продолжува Културното лето на Општина Кисела Вода – Вечерва Некст Тајм, 2 Бона, и Слаткаристика во Расадник

Општина Кисела Вода и оваа вечер, во рамки на Културното лето 2025, кое се под слоганот „Сè на свое место“, нуди незаборавно музичко доживување. На платото пред салата „Расадник“, од 20:30 часот, ќе настапат едни од најголемите музички имиња на македонската сцена: Некст Тајм, 2 Бона, и Слаткаристика.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите граѓани да бидат дел од овој музички настан.

-Дали сте подготвени за уште една незаборавна вечер? 2Bona, Слаткаристика и Next Time ќе се погрижат за тоа! Вечерва не се бројат часови, туку моменти! Подгответе се за вечер исполнета со добри вибрации и незаборавна забава. Не дозволувајте да ви раскажуваат – бидете дел од најдобрата журка во Скопје! Вечерва, 20:30 часот, плато пред сала Расадник-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Слични