Руски гигант го сака Абрахам во своите редови
Зенит упатил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, објави Џанлука Ди Марцио.
Руските гиганти, исто така, подготвиле тригодишен договор за Англичанецот, со плата од 5 милиони евра по сезона, но според информациите, самиот играч нема желба да замине во Санкт Петербург и најверојатно ќе одбие таков трансфер.
Абрахам е во сопственост на Рома, но минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, кој нема да го задржи трајно, иако одигра 45 натпревари со 10 гола и 7 асистенции за „росонерите“.
За „волците“, поранешниот играч на Челси има вкупно 120 натпревари со 37 гола и 13 асистенции, но не е исклучено клубот да се раздели од него ова лето.