Алаба пак се повреди

Малерите со повредите за дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, продолжуваат и оваа сезона. Австрискиот репрезентативец повторно е надвор од терените, овој пат поради мускулна повреда на листот на левата нога, потврдија од клубот. Оваа вест доаѓа како нов удар за тренерот Чаби Алонсо, но се чини дека трпението во Мадрид е при крај.

Според официјалното соопштение, станува збор за повреда на солеусниот мускул, а иако клубот не прецизираше време за опоравување, шпанските медиуми како “АС” и “COPE” проценуваат дека тој ќе отсуствува помеѓу три недели и еден месец. Ова автоматски значи дека Алаба нема да биде во комбинација за Светско клупско првенство, што е сериозен хендикеп за “кралевите”.

Она што загрижува повеќе од самата повреда е растечкото незадоволство во клубот. Според пишувањата на медиумите, во Реал Мадрид владее замор од константните повреди на Австриецот, кој е еден од најплатените играчи во тимот, а премногу често е надвор од стројот.

Слични