Русија тврди дека соборила три украински дронови над Брјанската и Белгородската област

Руските системи за противвоздушна одбрана попладнево соборија три украински дронови над Брјанската и Белгородската област, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението, кое го пренесува РИА Новости, се наведува дека „од 16 до 18 часот по московско време, системите за противвоздушна одбрана кои беа на должност уништија три украински беспилотни летала“.

– Уништени се два дрона над територијата на Брјанската област и еден над територијата на Белгородската област, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Слични