ТФТ го претстави првото засилување за следната сезона

Американскиот интернационалец Џастин Гордон е првото засилување во редовите на na макеоднскиот кошаркарски вицепрвак ТФТ.

Гордон, кој ги покрива позициите 3 и 4, пристигнува со богато искуство од 10 различни земји. Тој има настапувано во: Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Шведска и уште неколку европски лиги.

Во дресот на словачката Нитра минатата сезона бележеше просек од 14.2 поени и 5.2 скока по натпревар.

Потпишан е договор на една година, а ТФТ веќе сериозно се подготвува за враќањето во ABA 2 лигата, со поглед и кон уште едно меѓународно натпреварување. Неофицијално тимот од скопската населба Тафталиџе ќе настапува во ФИБА Еврокупот.

Слични