Двајца малолетници повредени во сообраќајка
На 30.06.2025 во 19.00 часот во Полициската станица Демир Хисар е пријавено дека на место викано ,,Вис“, во атар на с.Единаковци, општина Демир Хисар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(24) од с.Бараково, демирхисарско и мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Демир Хисар, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот 16-годишен сопатник, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.