Мотоциклист и возач на автомобил повредени во сообраќајка кај Ласкарци

На 01.07.2025 во 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Ласкарци,скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(40) од с.Ласкарци, скопско и мотоцикл “харли дејвидсон“ со американски национални ознаки, управуван од И.Г.(52) од Гостивар.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“, велат од МВР.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Слични