Потпишување на Договор за соработка на локалитетот Тумба Маџари
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети археолошкиот локалитет Тумба Маџари, каде што ќе биде потпишан договор за долгорочно користење на парцела во сопственост на ЕВН, која се наоѓа во рамки на локалитетот.
На настанот ќе присуствуваат и Магдалена Манаскова, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија и Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН кои ќе потпишат Договорот.