Пожар во Аеродром, изгореа подрумски простории
На 01.07.2025 во 11:28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.
Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.