Во Неготино реализирано Вечерно ѕвездено набљудување, дел од неготинско научно лето

Вечерно ѕвездено набљудување, дел од неготинско научно лето, беше реализирано синоќа кај спомен костурницата во Неготино, од 20.30 часот до полноќ.

– Продолжуваме под отворено небо со телескопско набљудување на Месечината, планетите и ѕвезденото небо. Имаме поставени телескопи и водство од љубители на астрономијата. Локацијата кај споменикот нуди одлични услови за набљудување, рекоа организаторите на настанот, активистите од регионалното здружение за заштита на природата, „Ековита” од Неготино.

Оттаму потсетија дека на оваа но и други локации, досега се реализирани бројни вакви активности, на кои присуствуваат голем број на заинтересирани, да уживаат во набљудувањето и научните податоци, во едни магични вечери.

Кристина Тодорова од „Ековита” подвлече дека во рамките на неготинско научно лето, ќе има и други интересни настани.

Слични