Бруно Петковиќ се сели во Ла Лига

Бруно Петковиќ е на чекор до голем трансфер во шпанската Ла Лига. Напаѓачот на Динамо Загреб и хрватската репрезентација е пред потпис со екипата на Алавес, каде што треба да пристигне како слободен играч.

Бруно Петковиќ е енигма за противничките одбрани. Иако со својата висина и сила наликува на класичен центарфор, неговиот арсенал е полн со технички мајстории.

Најдобар доказ за тоа е неговиот гол на кариерата – легендарните „ножички“, потег што најдобро покажува дека тој не е обичен напаѓач.

Слични