Гилџус-Александар го потпиша најголемиот договор
Оклахома ја освои титулата во НБА-лигата, откако во решавачкиот, седми натпревар од финалната серија, славеа над Индијана со 103:91, тимот го направи и првиот крупен чекор.
Тие ја продолжија соработката со нивниот најдобар играч, Шеј Гилџус-Александар, кој имаше импресивна сезона со просек од 33 поени по натпревар.
Информацијата околу продолжувањето на соработката ја сподели инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија, кој објави дека Гилџус-Александар со новиот потпис ќе добие највисоката годишна плата во историјата на НБА.
Канаѓанецот наводно ќе потпише четиригодишно продолжување на договорот во вредност од 295 милиони евра, до сезоната 2030/31. Со ова, тој ќе заработува околу 71 милион евра годишно, што е значително повеќе од најплатениот играч во лигата, Стеф Кари.
Минатата сезона, според „ЕСПН“, легендата на „воините“ заработи околу 59 милиони евра, четири милиони повеќе од Џоел Ембид.