Изгаснат пожарот во Самоков, од ЦУК велат немало опасност од ширење кон објектите на фабриката

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат.

-Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, посочуваат од ЦУК.

Што точно е опожарено засега нема подетални информации.

Претходно Регионалниот центар за управување со кризи Охрид информираше за пожар во магацински простор со хемикалии на фабриката за оружје и муниција во Самоков.

Слични