Ер трактор го гасне пожарот во Крива Паланка, хеликоптер на МВР во скопско Орман

Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров, информира Центарот за управување со кризи.

Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции.

-Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово, посочуваат од ЦУК.

Слични