Стојкоски најави над 20 нови проекти во Ѓорче Петров
21 НОВ ПРОЕКТ ЗА ЃОРЧЕ. Денес, со Министерството за транспорт, потпишав договори за реализација на вкупно 2️⃣1️⃣проект за изградба, реконструкција и уредување на улици, патишта и јавни површини на територијата на Општина Ѓорче Петров со вкупна вредност од над 2️⃣8️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ денари, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Ќе се реконструираат улици и краци во Хром, Волково, Орман, Кисела Јабука, Кучково, Стопански Двор и Ново Село. Ќе се уредуваат пристапни патишта, ќе се поставува улично осветлување и ќе се гради нова јавна површина со плоштад и урбана опрема. Проектите ги опфаќаат следниве локации:
1️⃣ Улица „5“ со краци и улица „7“ (кон с. Орман) и крак 3 на ул. „7“ во Волково
2️⃣ Краци (десно) на ул. 100 во Волково
3️⃣ Ул. 31 во Волково
4️⃣ Краци на ул. 49 и ул. 95 во Волково
5️⃣ Краци на ул. 81 во Волково
6️⃣ Краци на ул. 33 во Волково и ул. 52 во Стопански Двор
7️⃣ Краци на ул. 35, 37, 39, 41, 102 и 103 во Волково
8️⃣ Ул. „20“, „84“ и „44“ со крак во Кисела Јабука
9️⃣ Патот од с. Орман до с. Никиштане
🔟 Крак на улица 1 во Ново Село
1️⃣1️⃣ Патишта и краци на улици во село Орман
1️⃣2️⃣ Краци на ул. 51 во Стопански Двор
1️⃣3️⃣ Улица кон Старо Буре – Кучково
1️⃣4️⃣ Улици во с. Кучково (кон црквите Св. Недела и Св. Петка)
1️⃣5️⃣ Краци на ул. 1 во Ново Село
1️⃣6️⃣ Локален пат Орман – Волково – Кучково – граничен премин Чашка (делница Волково – Кучково)
1️⃣7️⃣ Дел од ул. „95“ и краци на ул. „60“ во Волково
1️⃣8️⃣ Пат с. Орман – с. Никиштане (фаза: улично осветлување)
1️⃣9️⃣ Ул. Воин Драшкоци
2️⃣0️⃣ Ул. 1 во Ново Село – ДУП СЗ 03, фаза I
2️⃣1️⃣ Основен проект за јавна површина со плоштад, пешачка патека и урбана опрема
Проектите се одобрени во рамки на вториот јавен повик на Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти на општините.
Искрена благодарност до Владата на Република Македонија, проф. др. Hristijan Mickoski за поддршката, за довербата и за препознавањето на приоритетите на нашите граѓани.
Ова е досега најобемниот развоен пакет за Ѓорче. Работиме за секој дел од општината – од улица до улица, од село до село. Продолжуваме со дела, а не со зборови. Ѓорче се гради – плански, посветено и со срце!
