Падна договор во „Европски“ фронт: Села за Струга, Бујар во Чаир, Таравари за Гостивар
Падна договор во „Европски“ фронт за поделба на градоначалничките места. Зијадин Села ќе се бори за Струга (ДУИ се откажува од Мерко), Бујар Османи оди во Чаир, а новопечениот коалиционер Арбен Таравари пак „напаѓа“ за Гостивар, дознава Курир.
Партијата на Села го „доби“ и Дебар, каде одат со Тирон Јајага, како и Арачиново со Дритон Небиу.
ДУИ ќе се„фајта“ и за Липково со Еркан Арифи, во Тетово со Бајрам Реџепи, Боговиње со Бесник Емшиу, Желино со Емир Сулејман, Брвеница со Аркин Јахији, Ќашка со Суат Шакири и Пласница каде оди Алија Јаоски.
Таравари и неговата партија имаат кандидати за Врапчиште со Исен Шабани и Сарај каде одат со Блерант Рамадани.
