Без вода неколку објекти во Аеродром поради дефект

Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Коста Новаковиќ“ во скопската општина Аеродром, без вода во моментов се објекти на дирекцијата на „Макпетрол“, „Македонски шуми“ и маркет „Зур“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието додаваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Слични