Астон Мартин ќе го промовира својот нов болид на 23 февруари
Астон Мартин на крајот на овој месец ќе го открие болидот за 2025 година.
Според тимот, свеченото претставување на болидот AMR25 е планирано за 23 февруари во Бахреин. Следниот ден, тимот таму ќе го тестира автомобилот таму како дел од денот на снимањето.
Претсезонските тестирања ќе се одржат во Бахреин на 26-28 февруари.
Сезоната во Формула 1 ќе започне на Гран При на Австралија со етапата од 14-16 март.
За Астон Мартин во претстојната сезона ќе возат Фернандо Алонсо и Ленс Строл.