Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и Штип
На службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата, утрово добиени се дојави за поставени експлозивни направи, информираат од МВР за МИА.
Дојава за бомба, според информации на МИА, утрово имало во неколку училишта во Аеродром, како и во две училишта во Штип.
Во некои училишта, по извршените проверки од страна на МВР, наставата е продолжена.
МВР најави повеќе информации во текот на денот.