Почина боксерот Џон Куни кој претрпе серија силни удари (ВИДЕО)
Младиот ирски боксер Џон Куни (28 години) почина по мечот против Нејтан Хауелс и тоа поради тешките повреди заработени од ударите во главата. Куни беше во подредена состојба во рингот, но и покрај многуте силни удари остануваше и продолжуваше да боксува.
Серија од 20 силни удари зададени едно по друго и тоа директно во главта, беше причина да реагира судијата и да го прекине мечот во деветата рунда.
Иако на видео снимката не се гледа ништо драматично и делува дека се е во рамките на нормалното за бокс меч, сепак ударите биле многу опасни, а повредите на главата биле кобни. Седум дена по тој меч, Куни почина.
https://twitter.com/i/status/1888307728159772805