Филаделфија го прегази Канзас за шампионска титула во НФЛ

Филаделфија Иглс е новиот НФЛ шампион откако во Супербол 59 кој се одржа во Њу Орлеанс славеше убедливо против доскорешниот шампион Канзас Сити со 40-22.

Дилемите за победник беа решение уште во првото полувреме во кое одличната одбрана на Филаделфија дозволи противникот да освои само 23 јарди, што е далеку под стандардот. Работите не се променија ниту во второто полувреме, Канзас ги освои првите поени на крајот на третата четвртина, но во тој момент резултатот изнесуваше 34-7.

За најкорисен играч на натпреварот е прогласен квотербекот на Иглс, Џејлен Хуртс кој одигра феноменален натпревар освојувајќи 221 јард, со 17 од 22 комплетирани додавања. Со нив имаше два тачдауна.

Слични