Дончиќ: Леброн ми даде братски совет кога пристигнав

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, ја започна својата етапа во дресот на ЛА Лејкерс а додека разговараше со новинарката на „Си Би Ес“, откри и каков совет добил од Леброн Џејмс пред неговиот дебитантски настап.

Дончиќ се врати од повреда и веќе одигра два натпревари, а славниот „Крал“ Џејмс му сугерирал да не обрнува внимание на ништо и само да биде свој на паркетот.

„Леброн ми е како постар брат, веднаш ми даде огромна поддршка. Ми рече да бидам свој и да не се обидувам да измислувам нешто ново, туку само да ја играм мојата игра. Се надевам дека наскоро ќе бидам целосно фит и ќе придонесам со одлични партии за екипата. Ќе одиме чекор по чекор кон нашата цел“, изјави Дончиќ.

Слични