Аврамовски во тимот на колото: Два гола и асистенција за македонскиот фудбалер во турската Лига 1
Македонскиот фудбалер кој што настапува во турската Лига 1, Даниел Аврамовски продолжува да ги полни мрежите на противници.
Игдир ФК со 3:0 ја совлада екипата на Кециоренгучу.
Аврамовски за Игдир ФК постигна два гола, а асиштираше и за првиот погодок.
Головите беа постигнати во во 35, 52 и 60тата минута од натпреварот.
Одличниот настап на македонскиот голгетер му обезбедија место во тимот на колото.
Аврамовски во 24 настапи има постигнато 11 голови и 6 асистенции.