Аморим нема да ја почне следната сезона на клупата на Манчестер Ј?

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се незадоволни од работата на Рубен Аморим. Како што стојат работите, неговото време на „Олд Трафорд“ е при крај, а двајца тренери веќе се посочени како можни алтернативи за работа во Манчестер Јунајтед.

Аморим загуби девет од 21 одигран натпревар во сите натпреварувања откако го презеде Манчестер Јунајтед. Манчестер Јунајтед оваа сезона загуби пет натпревари на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата, а стилот на игра што го промовира Рубен Аморим е доведен во прашање.

Кога ја презеде менаџерската функција во тимот од Манчестер, Рубен Аморим беше јасен и рече дека нема да ги менува тактичките принципи, а се држи до нив и покрај лошите резултати на Манчестер Јунајтед. Гери Невил беше многу критичен кон тактиката која Аморим ја подготви за натпреварот против Тотенхем кој Манчестер Јунајтед го загуби со 1-0.

Слични