Реал Мадрид останува без првата ѕвезда во тимот
Кошаркарските медиуми низ Европа објавија дека Денис Смит Јуниор го напушта Реал Мадрид по само еден месец, а постои шанса тој да не биде единствениот.
Како што пренесува „Марка“, Џанан Муса, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, на лето би можел да стане слободен играч и со тоа да стане вистинска „бомба“ на европската кошарка.
Договорот на Муса истекува на 30 јуни и постојат одредени сомнежи дека нема да биде продолжен и дека Муса е веќе на пазарот и полека размислува за избор на нова средина.