Поради здравствени проблеми Грег Попович заминува од кошарката?
Еден од најголемите кошаркарски тренери на сите времиња, Грег Попович нема да се врати на клупата на Сан Антонио Спарс до крајот на оваа сезона.
Ова е информацијата која ја пренесе секогаш добро информираниот „ЕСПН“ кој во својата вест посочи дека Грег се уште закрепнува по мозочниот удар што го доживеа на почетокот на месец ноември.
На почетокот се говореше дека Попович ќе се опорави и дека ќе може да помогне и во тековнава кампања за да најновите вести говорат дека неизвесна е и неговата иднина, односно дека може да биде принуден за замине во пензија.
Попович е стратегот со најмногу победи во НБА лигата, пет шампионски прстени, а трипати беше избиран за тренер на годината.
Ова е втора лоша вест за Спарс во краток временски период затоа што пред неколку дена Виктор Вембањама мораше принудно да ја заврши сезоната поради здравствени проблеми.