Михаела Шифрин до историска 100-та победа во кариерата

Aмериканката Микаела Шифрин запиша историја доаѓајќи до својата 100-та победа во кариерата на скијачките патеки.

На слаломската трка во Сестриере, Шифрин доминатно дојде до јублејната победа со време од 1:50.33 минути.

Водечката во генералниот поредок Камила Раст не ја заврши првата трка, што го искористи Хрватката Зринка Љутиќ која заврши на второто место на денешната трка, и сега е водечка во генералниот пласман.

Љутиќ има 489 бодови, 39 повеќе во однос на Раст на две слаломски трки пред крајот на сезоната.

Слични