Зеќири: Да продолжиме вака за посветла иднина
Кошаркарската машка репрезентација на Македонија забележа победа над Полска (88-74) за крај на квалификациите за Евробаскетот.
За жал, останавме без пласман на уште еден голем собир, а по натпреварот на прес-конференцијата освен селекторот зборуваше и Лејсон Зеќири.
„Освен победата која ја достигнавме, ова беше одличен перформанс на целиот тим. Соиграчите беа тука еден за друг, а навивачите беа наш шести играч. Среќен сум за минутажата која ја добив, сакав да покажам дека можам да ѝ помогнам на Македонија. Ако продолжиме во овој стил, имаме светла иднина“, изјави Зеќири.