Атанасијевиќ: Овој тим на Е. Пелистер игра до крај

Пелистерци до крајот на групната фаза од ЛШ имаат уште две средби, а шансите за нокаут-рунда постојат, а во тоа верува и играчот на овој тим Павле Атанасијевиќ.

„Имаме тежок распоред и немаме ден за одмор. Сепак, од прв до последен даваме максимум. Доаѓа Фуксе Берлин и пак ќе бидеме на висината на задачата. Тие се одлична екипа, имаат светски ѕвезди и одиме во Берлин да се обидеме да победиме. Тренерот ќе постави тактика во одбраната и нападот и мислам дека ќе одиграме на ниво.

Не се откажуваме, играме до последна минута и тоа е карактеристика која нè краси. Никој не може лесно да нè победи. Сите сме мотивирани, нешто посебно игра во нашите тела и нема замар. Одиме чекор по чекор. Прво Фуксе Берлин, па потоа ПСЖ. Најубаво е да се игра пред македонски навивачи. Атмосферата која ја приредија „Чкембарите“ и битолчани едноставно те понесува. Убаво е тоа чувство.“, изјави Атанасијевиќ.

Дуелот меѓу Фуксе Берлин и Е.Пелистер се игра во четврток од 20:45 часот.

Слични