Новото раководство на РФМ денека ќе ја има првата седница каде ќе избере и нов генерален секретар (ФОТО)
Ракометната федерација на Македонија од пред два дена доби нов претседател. Живко Мукаетов по дванаесет години на чело на нашата најуспешна федерација со замина, а во саботата за нов прв човек на РФМ беше избран Александар Стефанов, долгогодишен главен спонзор на РК Бутел и голем поддржувач на македонската репрезентација.
Воедно објавени беа и новите членови во Управниот одбор на РФМ, кој својата прва седница ќе ја има во вторник. На истата ќе се разговара на дванаесет точки, а меѓу другото ќе се избира и секретар на федерацијата.
„Ве известуваме дека на ден 04.03.2025 (вторник) со почеток во 14.00 часот ќе биде организирана седница на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Мамедонија во седиштето на канцеларијата на федерацијата во Скопје“, велат од нашето највисоко ракометно раководечко тело.