Алонсо: Горд сум на овој борбен Пелистер
По натпреварот со ПСЖ Раул Алонсо од Е. Пелистер кажа дека е горд на играчите и за она кое го покажале оваа сезона под негово водство во Лигата на шампионите.
„Многу сум горд на Битола и моите играчи, затоа што денес дадовме што можевме. Имавме тешка недела, со ракометари кои беа болни, па не беше лесно да се подготви овој дуел.
Мечот тргна лошо за нас, ПСЖ е одличен тим со светска класа играчи, ги искористија првите минути да направат разлика, но ние се вративме, се боревме добро. Беше тешко да се остане во натпреварот, секогаш бевме два до три гола зад ривалот. Можеби не бевме и доволно добри во одбраната. На полувреме губевме пет гола, пак се вративме, покажавме енергија во последните минути, но мора да прифатиме дека нашето ниво не беше доволно да се носиме со ПСЖ.
Ама, како што кажав, јас сум горд на овие играчи, дадоа максимум. Овие натпревари ќе ги направат посилни. На крајот шанса добија и помладите играчи, па среќен сум затоа што нашата публика ја препозна борбата и цело време беше со нас“, изјави Раул Алонсо.