Манчестер Јунајтед веќе бара замена за Аморим?
Рубен Аморим го презеде Манчестер Јунајтед но и неговата позиција е неизвесна. Според најновите информации, Манчестер јунајтед веќе подготвува замена во ликот на Чави Ернандес, кој е без ангажман по разделбата со Барселона.
Наводно, Чави веќе ги означил Андре Онана, Алехандро Гарначо и Матајс де Лихт како играчи за продажба.
Тимот на Рубен Аморим во осминафиналето на Лигата на Европа се соочува со Реал Сосиедад, првиот меч заврши 1-1, додека во Премиер лигата викендов ги очекува тежок дуел против Арсенал на „Олд Трафорд“.