Евролига: Партизан поразен во Пиреја, значајна победа на Барселона

Лидерот во кошаркарската Евролига, Олимпијакос ја забележа 21. победа во 28. натпревар во оваа конкуренција и тоа против Партизан со резултат 82:70.

Грчкиот тим се стекна со двоцифрена предност во првиот дел и потоа рутински само ја одржуваше, односно не им дозволи на „црвено-црните“ во ниту еден момент да се понадеваат дека можат да дојдат до нешто плус на ова соочување.

Везенков со 17 кошеви беше прв стрелец, двоцифрени беа уште Милутинов и Вилијам Гос со по 10 поени. Кај поразените плејмејкерот Џонс беше автор на 17 поени.

Барселона пак дојде до значаен триумф во Алба во Берлин на место на кое едноставно немаше право на грешка во ситуација кога се води жестока битка за местата во плејофот.

По три четвртини каталонците имаа само плус два, но последните 10 минути ги добија со 33-21 и на крајот победија со 99:85.

Петмина играчи кај гостите беа со двоцифрен учиник, лидер беше Паркер со 21 поен.

На другите две соочувања Анадолу Ефес ја разби Виртус Болоња со 89:68 и Макаби го изненади Асвел на негов терен со 102:95.

Слични