Тешка повреда за Никола Миротиќ

Кошаркарот Никола Миротиќ доживеал потешка повреда и најверојатно ќе отсуствува од терените најмалку триесет дена, објавија италијанските медиуми.

Миротиќ го напушти паркетот во третата четвртина од натпреварот против Фенербахче, а дополнителните лекарски прегледи ќе го дадат последниот збор за повредата.

Засега е познато дека се работи за скршеница на крсната коска, но не е познато колку е сериозна.

Во секој случај, ѕвездата на Олимпија ќе мора да мирува извесно време, а неговиот тим ќе се обиде да се носи со сите предизвици без него. Милано доживеа дебакл и загуби од Фенер со огромни 76-100, а во следното евролигашко коло ќе игра со белградска Црвена Звезда.

Слични