Кире Лазаров го повика Кузманоски на местотo на повредениот Атанасијевиќ
Македонската ракометна репрезентација претрпе една промена во составот пред квалификацискиот натпревар против Словенија,
Селекторот Кирил Лазаров одлучи да го повика Цветан Кузманоски, кој ќе го заземе местото на повредениот Петар Атанасијевиќ. Неговиот клупски колега ќе се обиде да го надополни отсуството, а Македонија ќе се бори за позитивен резултат против силните „змајчеки“.
Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на 12 март, а потоа гостуваме во Копер четири дена подоцна.