Работнички победи во Битола, Феникс подобар од Гостивар

Работнички со 90-83 славеше на гостувањето кај Пелистер во денешното дерби, а Феникс дојде и до шестата победа по ред откако славеше кај Гостивар со 89-75.

Клучен беше третиот период кој Работнички го доби со 24-15 и направи недостижна предност за домаќините, конечниот резултат беше 90-83.

Рош со 18 поени беше најефикасен во составот на Работнички, Ѓуроски постигна 16. Најдобар на мечот беше кошаркарот на Пелистер, Мишковиќ кој постигна 28 поени, Гамбрел имаше 22.

Феникс е во најдобра форма од сите во моментов, денеска беа подобри од Гостивар со 89-75 и за нив ова беше шести триумф по ред.

Митревски со 21 поен беше најефикасен кај Феникс, Димитриев постигна 18, во составот на Гостивар Ѓорѓевиќ даде 21 поен, имаше и 10 скокови.

Слични