Лина Ѓорческа со триумф го отвори ИТФ фјучрсот во Унгарија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло го започна настапот на ИТФ фјучрсот во унгарскиот град Секешфехервар откако ја совлада домашната тенисерка Мелинда Биро со 2-0 во сетови (6-3, 6-0).

Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за награден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.

Утре за пласман на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против Романката Андреа Присакариу (25 години, 476 место ВТА), која во денешниот меч од првото коло од квалификациите ја совлада Унгарката Грета Фенивес со 2-0 во сетови.

 

Слични