Едвардс и Поарие ја поделија МВП наградата на најновото евролигашко коло

Кошаркарот на Баерн Минхен, Карсен Едвардс, и неговиот колега од Анадолу Ефес, Венсан Поарие, се прогласени за најкорисни играчи (МВП) на 28. коло во Евролигата.

Американецот и Французинот ја поделија наградата поради истиот број на индексни поени (29). Едвардс имаше 30 поени на мечот против Црвена Звезда, додека Поарие постигна 18 поени, но имаше и тринаесет скокови и една украдена топка на натпреварот со Виртус Болоња.

Слични