Животот и бил во опасност во четвртата бременост, убавата Гал Гадот ја откри причината за итната операција

Израелската актерка Гал Гадот ги откри сите детали за сериозниот здравствен проблем кој и се закануваше по животот минатата година.

Додека била во осмиот месец од бременоста, со денови имала главоболки и само на инсистирање на мајка и отишла на магнетна резонанца. Иако лекарите мислеле дека се работи за силни главоболки поради бременоста, нејзината мајка не била сигурна во неа.

Се утврдило дека и е потребна итна операција поради згрутчување на крвта во мозокот.

-Сфатив што значи да се биде исплашен до смрт, рече актерката во телевизиско шоу за промовирање на нејзиниот нов филм „Снежана“.

-Три недели страдав од ужасни главоболки. Лекарите веднаш ја отфрлија можноста за мигрена, а мајка ми инсистираше да направам магнетна резонанца, објаснила актерката.

Веднаш штом ги виделе резултатите од прегледот, лекарите одлучиле да оди на итно породување и операција.

-Веднаш ме однесоа во болница, го извадија бебето. Направив тромбектомија бидејќи имав згрутчување на мозокот, кое беше огромно. Всушност имав три, открива Гадот заблагодарувајќи се на тимот лекари во болницата Седар Синаи во Лос Анџелес.

-Ако ги имате истите симптоми како мене, веднаш одете да се прегледате. Треба да се грижите за вашето здравје. Подобро е да претерате со тоа отколку да го занемарите. Сакајте се себеси и грижата за вашето здравје нека биде приоритет. Ви благодарам многу што ми го спасивте животот, рекла таа и ги повика сите навреме да одат на лекар.

Слични