Јирген Клоп од следната сезона тренер на Јувентус?

Следната сезона 57-годишниот стратег би можел да се врати на тренерската работа, а Јувентус е заинтересиран да го донесе на својата клупа.

Јувентус се наоѓа во турбулентен период – честите промени на тренери и слабите резултати предизвикаа незадоволство. Поранешниот претседател Андреа Ањели сака повторно да го преземе клубот, а според „Тутоспорт“, веќе неколку месеци води преговори со актуелниот претседател Фереро, со поддршка од неименувана американска групација, за која се шпекулира дека е токму Ред Бул.

Ањели има амбициозен план за враќање на Јувентус на врвот, а клучен дел од тој проект е именувањето на Јирген Клоп за тренер.

Тијаго Мота, кој во моментов го води тимот, најверојатно нема да остане уште долго. Јувентус последен пат ја освои титулата во Серија А во 2020 година, а потоа влезе во криза со чести промени на тренерската позиција. Ако планот на Ањели се реализира, Јувентус ќе започне нова ера под водство на Клоп.

Слични