Лина Ѓорческа освои сет против првата носителка во Унгарија, порази за Ивановски и Србљак

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа немаше сили за изненадување против првата носителка Аранча Рус на ИТФ фјучерсот во Секешфехервар.

Лина одигра квалитетно во првиот сет и истиот го доби со 6-4, но овој ритам не го задржа во продолжението каде Рус доминираше и со 6-1 и 6-4 се пласираше во второто коло на турнирот што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Наредниот предизвик за Македонката е настапот на турнирот во Марибор.

Калин Ивановски и Гораз Србљак пак доживаа порази на фјучерсите во Пореч и Аламинос.

Ивановски во Хрватска беше победен од шестиот носител Стефан Поповиќ со 2-1 во сетови, додека пак Србљак иако водеше со Џанмарко Ортензи на крајот мораше да му ја честита победата на противникот со 2-1 (6-3,  6:3 и 6:0).

 

Слични